Општина Ново Село овој викенд ќе биде домаќин на Балкански одбојкарски шампионат за мажи и жени (Balkan Championship U22 M&W Beach Voleyball).
Градоначалникот Ѓорѓе Божинов информира дека шампионатот го организираат во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија, а ќе се одржува во училишниот двор на ООУ „Мануш Турновски“.
-Отварањето на Балканскиот шампионат во одбојка на песок ќе се одржи во 20:30 часот на 9 Август, а ќе трае до 11 Август во Ново Село. Голем шампионат кој не смеете да го пропуштите, кој за првпат се организира во општина Ново Село, вели Божинов.
На турнирот ќе учествуваат екипи од Македонија, Романија, Турција, Молдавија, Косово и Грција.
Во петок биди во Ново Село, порачува градоначалникот.