Останати спортови

Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло поради повреда

Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло поради повреда

Рамото на Новак Ѓоковиќ го мачеше, па тој го откажа учеството во Мајами. Но, тоа нема да биде единствениот Мастерс што ќе го прескокне, бидејќи српскиот тенисер донесе одлука да не се појави ниту во Монте Карло.

Организаторите на турнирот во Кнежевството ја информираа јавноста дека Новак Ѓоковиќ нема да учествува на првиот Мастерс на земјена подлога оваа сезона.

Очигледно е дека Ѓоковиќ сè уште не е опоравен од повредата на рамото и дека не сака ништо да ризикува.

Новак Ѓоковиќ на почетокот на март за првпат се појави на терените, по финалето на Австралијан Опен каде што загуби од Карлос Алкараз. Тој прескокна две пречки на американска почва, меѓутоа, во третиот натпревар што го одигра во Индијан Велс беше поразен од Џек Дрејпер.

Иако деталите за отсуството на Србинот на турнирот во Монте Карло не се објавени, очигледно е дека тој ќе го продолжи периодот на опоравување пред серијата Мастерс турнири на земјена подлога..

Ѓоковиќ последен пат ја подигна титулата во Монте Карло пред повеќе од една деценија, триумфирајќи над Томаш Бердих во финалето во 2015 година, две години претходно, Новак беше подобар од Рафаел Надал во финалето

To top