Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс, САД, по тешката победа над Американецот Александар Ковачевиќ со 2:1 во сетови 6:4, 1:6, 6:4.
Тој стана вториот најстар играч во историјата на тенисот кој стигнал до осминафиналето на првиот Мастерс во сезоната.
Противник на Србинот во следната фаза ќе биде подобриот од дуелот меѓу Франсиско Серундоло (Аргентина) и Џеј Дрејпер (Велика Британија).