Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ (36), е прв според заработувачката само од тениски турнири за 2023 година.
Србинот е убедливо прв на листата, со над 5 милиони долари повеќе од Карлос Алкарас. Тука не се пресметани парите од спонзорите.
Новак благодарение на резултатите на тениските терени, годинава инкасирал 15.936.097 долари. Втор е Алкарас со 10.753.431, а трети е Данил Медведев со 9.239.679 долари.
Севкупно гледано, Ѓоковиќ во кариерата заработил околу 180 милиони долари само од тенисот, па следната година или во 2025, може да ја прејде и границата од 200 милион