Останати спортови Очекувано

Новак Ѓоковиќ тргна со победа на УСА Опен

Новак Ѓоковиќ тргна со победа на УСА Опен

Новак Ѓоковиќ со стил го отвори својот настап на последниот грен слем во сезоната – УС Опен во Њујорк каде го започна походот кон својот петти трофеј во Њујорк и вкупно 25-ти на грен слем турнирите.

Во првото коло Ѓоковиќ се сретна со 19-годишниот американски тенисер Лернер Тијен, кој важи за голем талент и иднина на американскиот тенис.

Сепак, искуството и квалитетот на Ѓоковиќ дојдоа до целосен израз. Српскиот шампион славеше со 3:0 во сетови – 6-1, 7-6 и 6-2 – обезбедувајќи си сигурен пласман во следната рунда.

To top