Останати спортови

Новак Ѓоковиќ собори уште еден рекорд на Роже Федерер

Новак Ѓоковиќ собори уште еден рекорд на Роже Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во своето прво финале за оваа сезона, совладувајќи го Бугаринот Григор Димитров со 6-2, 6-3 во полуфиналето на Мастерсот во Мајами.

Во мечот влезе во историјата како најстаро полуфинале на еден Мастерс турнир, со вкупна возраст на тенисерите од 71 година и 262 дена.

Со пласманот во финалето, Ѓоковиќ собори уште еден рекорд – на 37 години и 301 ден, стана најстариот финалист на еден Мастерс турнир, престигнувајќи го Роџер Федерер, кој истиот рекорд го постави во Мајами во 2019 година.

 

To top