Останати спортови

Новак Ѓоковиќ со пресврт до победа во историскиот меч во Париз

Новак Ѓоковиќ со пресврт до победа во историскиот меч во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ после вистински маратон успеа да го победи италијанецот Мусети со 3-2.

Мечот започна со големо доцнење во 22:38 часот, а заврши во 03:06 утринава, со што влезе помеѓу топ-10 најдоцна завршени натпревари во историјата.

Србинот до победа дојде со голем пресврт и тоа противник кој е помлад дури 15 години. Ѓоковиќ во првиот сет поведе со 1-0, откако го доби сетот со 7-5, но мечот започна идеално за Мусети кој направи брејк во третиот гејм.

Сепак, Ѓоковиќ врати со рибрејк, а потоа и со нов брејк го освои сетот. Вториот сет во тај-брејк му припадна на италијанскиот тенисер, откако Ѓоковиќ пропушти две сет топки за 2-0.

Во третиот сет лоша игра на Ѓоковиќ, два изгубени сервиси и 6-2 за Мусети, кој доаѓа во водство од 2-1. Во четвртиот сет, србинот со фуриозна игра и три освоени сервиси на противникот дојде до убедливи 6-3, а вистинска експлозија следуваше во петтиот сет, кој му припадна на Ѓоковиќ со максимални 6-0.

Лоренцо Мусети во петтиот сет освои само 10 поени и немаше никакви шанси против разиграниот Новак Ѓоковиќ, кој како што одминуваше времето беше се подобар.

За Новак Ѓоковиќ ова е 369-та победа на грен-слем турнирите со што се израмни со Роџер Федерер и сосема сигурно дека ќе го надмине.

Овој рекорд на србинот тешко дека ќе биде достигнат во блиска иднина, бидејќи трета на листата е Рафал Надал со 314 победи.

To top