Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе играат во недела во големото финале на Вимблдон. Минатата година овој меч го доби
Шпанецот и дојде до својата прва титула на овој грен-слем турнир, српскиот тенисер сега ќе има шанса за реванш.
Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Музети, не загуби ниту еден сет. Првиот го доби со 6-4, во вториот се играше тајбрејк кој го доби Новак со 7-2, во третиот сет беше подобар со 6-4 за триумф од 3-0.