Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе го има испланирано и првиот работен ден кој ќе го има на Флешинг Медоус по пристигнувањето во САД каде ќе го брани трофејот освоен минатата година.
Ѓоковиќ 24-та титула на грен слем турнирите ја освои во Њујорк, а сега во истиот град ќе ја брка 25-та.
За титулата му треба најдобра можна подготовка за турнирот, а во воведната тренинг сесија ќе се погрижи за спектакл.
Ѓоковиќ ќе има спаринг со својот омилен Аргентинец, Хуан Мартин Дел Потро, поранешниот тенисер со кој Ноле изгради и извонреден однос надвор од теренот.
Честа секако ќе биде уште поголема за Делпо, кој со својата објава се заблагодари на организаторите кои им го отстапиле централниот терен.