На завршниот турнир во Торино каде настапуваат осумте најдобри тенисери сезонава, на најдобриот Новак Ѓоковиќ му требаше само една победа за дефинитивно да го дочека крајот на годината на првото место.
Тоа го оствари српскиот ас Ѓоковиќ веќе на првиот меч откако со 7:6 (7:4), 6:7 (1:7), 6:2 го победи 20-годишниот Данец Холгер Руне.
Ѓоковиќ по осмипат ја завршува годината и влегува во следната како лидер на светската листа, а со седум (2011-12, 2014-15, 2018, 2020-21) веќе беше рекордер.
Следната недела ќе биде негова јубилејна 400-та како првопласиран на АТП листата.
foto: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO