Останати спортови

Новак Ѓоковиќ обезбеди полуфинале на УС Опен

Новак Ѓоковиќ обезбеди полуфинале на УС Опен

Новак Ѓоковиќ елиминира Тејлор Фрици се пласираше во полуфиналето на УС Опен со победа од 3-1 во сетови по три часа и 27 минути борба.

Мечот на централниот терен „Артур Еш“ во Њујорк понуди добра борба, а мотивираниот Србин на крајот ја оправда фаворитската улога и ќе заигра уште едно полуфинале на големите турнири.

Во полуфиналната фаза Ѓоковиќ оди на мегдан со Карлос Алкараз, додека во борба за второто полуфинале ќе играат Синер против Мусети и Оже-Алијасим со Де Минер.

To top