Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати и годинава нема да го брани трофејот, кој во 2023 година го освои.
Организаторот потврди дека српскиот тенисер нема да биде дел од ждребот и веќе е одреден тенисерот кој ќе го замени, а сосема логично е дека најважна причина за ваквата одлука е исцрпувачкиот настап на Олимписките Игри.