Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз, победувајќи го Германецот Доминик Кепфер во два сета и п голема борба со резултат 7:5, 6:3 и обезбеди место меѓу осумте најдобри тенисери.
Во четвртфиналето ќе се соочи со стариот познаник Стефанос Циципас и ќе биде вистински спектакл.
Со Циципас веќе играше на истото место во финалето на Ролан Гарос кога го совлада Гркот по пресврт со 3-2, а последниот дуел го имаа пред година и пол во финалето на Австралија опен кога беше 3-0 за српскиот тенисер.