Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист на светот во 2023 година според мислењето на еминентниот француски спортски весник „Л’Екип“.
Лидерот на АТП листата зад себе ги остави, и тоа многу убедливо, пливачот Марчан и најдобриот автомобилски возач на денешницата, Макс Верстапен, а на листата беа уште атлетичарот Ноа Лајлс, рагбистот Сија Колиси, скијачот Марко Одермат, биатлонецот Јоханес Бо Тигнес, велосипедистите Тадеј Погачар и Матје ван дер Поел, како и фудбалерот Ерлинг Халанд.
Novak Djokovic (@DjokerNole) est notre Champion des champions monde ! https://t.co/Wi1kTImYrU pic.twitter.com/cWGlKtIt5S
— L'ÉQUIPE (@lequipe) December 27, 2023
Наградата за најдобра спортистка ја доби гимнастичарката Симон Бејлс, а по неа следуваа скијачката Микаела Шифрин и пливачката Кети Ледецки.
Инаку, еден од највлијателните спортски весници во Европа ја доделува светската награда за најдобар спортист на годината од 1946 година, а предлозите се такви што гласањето е тајно. Во образложението се наведува дека Ѓоковиќ минатата година освоил три Грен слем титули, во Мелбурн, Париз и Њујорк, како и дека бил финалист на Вимблдон, но и дека со 24-те титули од четирите најголеми светски тениски турнири е најтрофеен тенисер на сите времиња.
Ноле го доби истото признание во 2021 година, додека американската гимнастичарка е лауреат по четврти пат, бидејќи истото признание го доби во 2016, 2018 и 2019 година.