Новак Ѓоковиќ е трет полуфиналист на Мастерсот во Мајами, а до место меѓу четирите најдобри тенисери стигна по триумфот над помладиот колега Себастијан Корда.
Српскиот тенисер ја потврди одличната форма, па во два сета го совлада и американскиот тенисер со чешко потекло, уште еднаш најавувајќи дека сериозно цели на првиот трофеј во 2025 година.
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3, а во вториот сет се играше тајбрејк, во кој поискусниот тенисер беше подобар со 7:4 и не дозволи трет решавачки сет на овој дуел.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде бугарскиот ривал Григор Димитров, додека во второто полуфинале Меншик ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Фриц и Беретини.