Останати спортови Тенис

Неизвесен настапот на Алкараз на Дејвис купот

-Ќе патувам во Болоња и таму ќе биде донесена одлука за настап, односно ќе видам дали ќе можам да играм. Ќе направам напори се да се рехабилитирам и да го дадам мојот максимум, изјави Алкатраз.

Неизвесен настапот на Алкараз на Дејвис купот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за време на финалето на Завршниот Мастерс се мачеше со повреда. Од таа причина неизвесен е неговиот настап на завршницата од Дејвис купот.

Тој во еден момент од финалето побара и лекарска помош.

-Ќе патувам во Болоња и таму ќе биде донесена одлука за настап, односно ќе видам дали ќе можам да играм. Ќе направам напори се да се рехабилитирам и да го дадам мојот максимум, изјави Алкатраз.

Шпанија за противник го има четвртиот носител Чешка, а мечот се игра на 20. ноември (четврток).

To top