Претседателот на организацискиот одбор за Олимпијадата во Париз, Тони Естанге, изјави дека пливањето како дел од натпреварувањето во триатлон на Игрите во 2024 година може да биде откажано поради квалитетот на водата во реката Сена.
Примероците укажуваат на фекална контаминација. Патогени бактерии се пронајдени на планираните патеки за водните натпревари на Олимпијадата во 2024 година.
– Остануваме уверени дека триатлонот ќе се одржи на Сена. Можеме да го одложиме натпреварувањето поради дожд, да чекаме подобри услови. Така, ние сме уверени дека Сена ќе се користи за натпревари. Можеме да го промениме датумот и да го одложиме за еден до три дена додека сè не се подобри. Се надеваме дека ќе избегнеме сценарио со целосно откажување на натпреварите, ги цитира „Гардијан“ зборовите на Естанге.
Тој истакна дека секогаш постои ризик и потсети како тој самиот учествувал на светските првенства кои беа одложени поради поплавите.
Претходно еколошката организација „Surfrider Foundation“ предупреди дека концентрацијата на патогени бактерии во Сена е превисока.
Летните олимписки игри ќе се одржат во Франција од 26 јули до 11 август 2024 година. Натпреварот во триатлон е закажан од 30 јули до 5 август во Понт д’Иен со 110 спортисти во машка и женска конкуренција.