Останати спортови

Наковски Волеј повторно поразен од Острава во Челенџ купот

Наковски Волеј повторно поразен од Острава во Челенџ купот

Тимот на Наковски волеј го заврши своето учество во ЦЕВ Челенџ купот.

Струмичанки и по вторпат се поразени од чешката екипа Острова во меч од првото квалификациско коло.

Уште на првиот меч, одигран пред седум дена на гостински терен, беше јасно дека противникот ја има фаворитската улога.

Тимот на Острова го доби тој натпревар во три сета како и денешниот одигран во Струмица (0:3).

По сетови одбојкарките на Наковски волеј освоија 15 во првиот и третиот, односно 21 поен во вториот сет.

Единствен претставник на македонија на европската сцена остана шампионот Јанта волеј. Одбојкарките од Кисела Вода вчера беа поразени во првиот мечот, втората рунда на елитното натпреварување, од францускиот состав Валеро Ле Кане. Реванш натпреварот тие ќе го играат на 13 ноември.

To top