Останати спортови

Најдобрата светска скијачка Федерика Брињоне тешко повредена

Најдобрата светска скијачка Федерика Брињоне тешко повредена

Италијанката Федерика Брињоне, севкупна актуелна шампионка во скијање во Светски куп, заработи повеќекратни скршеници на ногата откако падна во велеслалом на националното првенство во четвртокот.

Триесет и четиригодишната Брињоне изгубила контрола над скиите на патека во Вал ди Фаси и силно паднала. Таа била пренесена со хеликоптер во блиската болница во Тренто.

Италијанската федерација за зимски спортови соопшти дека имала мултифрагментарна сложена фрактура на главата на тибијата и фибулата на левата нога и дека ќе биде префрлена во Милано за дополнителни тестови и одлука за соодветната операција.

Медиумите на Апенинскиот полуостров велат дека Брињоне „ќе отсуствува неколку месеци пред Олимписките игри Милано-Кортина следната година, каде што се смета за клучен домашен фаворит“.

To top