Двајцата тенисери се во одличен налет и се на пат да доминираат во светскиот тенис, но Рафаел Надал смета дека тие се уште многу далеку од таканаречената „голема тројка“, во која спаѓаат тој,Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
„Треба да ги оставиме Карлос и Јаник да создадт своја посебна приказна. На одличен пат се и мислам дека многу често ќе бидат на пиедесталот, но рано е да се зборува дека се на нивото од големата тројка. Има многу време за нив, верувам дека ќе успеат да бидат едни од најголемите во овој спорт“, изјави Надал.