Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обезбеди пласман во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид откако во три сета го совлада Педро Качин со 6:1, 6:7(5:7), 6:3.
„Кралот на земјата“ имаше вистинска показна вежба за „Ролан Гарос“. Маратон и вистински ролеркостер од три часа би можеле да му ги понудат потребните одговори.
Она што е позитивно за сопственикот на 22 Гренд слем титули е тоа што можеше да издржи ваква битка до последниот гем. Исто така, на позитивна нота, тој покажа дека е способен, како што беше во неговите најдобри денови, да се врати од, за обични смртници, невозможни ситуации.
На крајот забележа победа за пласман во осминафиналето.
Се разбира, има и сериозни недостатоци. Пред се сервисот, бидејќи 91. тенисер во светот дозволи четири брејка во вториот и третиот сет од шест брејк можности. Така дозволи брејк шанси и противникот ги искористи во висок процент.
Во осминафиналето Надал ќе се сретне со Чехот Јиржи Лехечка, кој во два сета го победи Бразилецот Монтеиро со 6:4, 7:6 (9:7).