Рафаел Надал не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Бризбејн каде доживеа пораз од домашниот тенисер Џордан Томпсон по што изјави дека причина за поразот е повредата и болката која ја чуствивал во текот на мечот.
-Болката е на истото место, но чувствувам дека тоа е болка на мускулот е од замор. Минатата сезона тоа беше тетива и чувството беше сосема поинакво. Чувствував повеќе. Единствениот проблем е што е истото место, па затоа сум загрижен повеќе од вообичаено. Се надевам дека мускулот се „наполнет“ по неколку дена напор и многу тежок натпревар. Веќе кажав дека целта ми е да бидам конкурентен за неколку месеци. Точно е дека одиграв два натпревари. Многу работи можат да му се случат на моето тело по една година без натпреварување. Се надевам дека само мускулот во тој предел е само оптеретен. Веќе реков дека не дојдов овде за да освојувам турнири. Дојдов повторно да играм тенис и да дадам се од себе. Се надевам дека ќе се чувствувам подобро за неколку дена. Ако не, ќе ги направам тестовите. Ќе видиме што ќе се случи.
-Она што сега е важно е што успеав да одиграм три натпревари во Бризбејн. Мојот ривал одигра добро и мораме да му оддадеме признание, -порача големиот грен слем шампион.