Тркачкиот автомобил „McLaren-Mercedes MP4-21“ од 2006 година, со кој се натпреваруваа Хуан Пабло Монтоја и Луис Хамилтон, ќе биде продаден на аукција на 16-ти август, со очекувана цена до 3,5 милиони долари.
Болидот „„McLaren-Mercedes MP4-21“ беше дизајниран од легендарниот Ф1 дизајнер Адријан Њуи и беше неговиот последен проект за „Мекларен“ пред да замине во тимот на „Ред Бул Рејсинг“.
Станува збор за шасијата „21А-03“, која Монтоја ја користеше на трките во Бахреин, Малезија и Австралија. Колумбиецот не победи во овој автомобил, кој подоцна беше користен како резервен автомобил на трката во Монако.
Аукциската куќа RM Sotheby’s тврди дека овој автомобил бил тестиран од Хамилтон во Елвингтон и Херез пред да потпише за „Мекларен“ во ноември 2006 година. Автомобилот потоа завршил во складиште и беше реставриран од „McLaren Racing Heritage“ во 2019 година.
Не е познато кога ја напуштил колекцијата на „Мекларен“, но се знае дека е еден од првите болиди што ги возел Хамилтон. Исто така, тој е еден од ретките што Хамилтон ги возел, а да не биле дел од колекцијата.
За разлика од другите стари Ф1 болиди, шасијата „21AA-03“ го има оригиналниот погон. Тоа значи дека 2,4-литарскиот атмосферски V8 мотор произведен од „Mercedes“, кој развива 750 КС и „врти“ со 19.000 вртежи во минута, сè уште е таму. Овој мотор е поврзан со седумстепен менувач на „McLaren“.
Монтоја и Кими Раиконен возеа за тркачкиот тим на Мекларен во сезоната 2006 година, а потоа Колумбиецот замина по десеттата трка за да вози во НАСКАР. Тој беше заменет со Педро де ла Роса, а на крајот од сезоната тимот заврши на третото место во пласманот на конструкторите.