Останати спортови тенис

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски се пласира во четвртфиналето на турнир во Барселона

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски постигна победа со 2:0 во сетови во мечот од третото коло на тунрирот во Барселона за играчи до 14 години. Алексовски е дел од ИТФ тимот и утре во четвртфиналето ќе игра против првиот носител член исто на ИТФ тимот Франциско Сардиња од Португалија.

Во денешниот меч во поединечна конкуренција Алексовски постигна победа во два сета – 6:0 и 7:6 (3) против Хозе Луис Вега Понс од Шпанија. Во мечот во конкуренција на двојки Алексовски и Сардиња, кои се први носители постигнаа победа од 2:1 во сетови (6:4; 5:7 и 10-7 на поени).

Утрешниот четвртфинале меч меѓу Алексовски и Сардиња ќе биде вистинско дерби на турнирот во Барселона.

To top