Останати спортови МТФ

Млади македонски тенисери на развоен шампионат во Анталија

Со тенисерите и тенисерките се и јуниорскиот капитен Круно Деспотовски и Тања Стојановска, заменик јуниорски капитен.

Млади македонски тенисери на развоен шампионат во Анталија

Младите македонски тенисери до 14 години се дел од учесниците на развојните шампионати што се играат во Анталија, Турција. Оваа година Македонија ќе ја претставуваат: Андреј Темов, Василиј Закоски кај момчињата и Деа Крстевска и Ведрана Танеска кај девојчињата.

За време на престојот во Анталија ќе бидат одиграни два турнира, а мечевите на првиот стартуваат денеска. Од македонските тенисери во првото коло Андреј Темов, кој е рангиран како четврти носител е слободен, додека Василиј Закоски за прв ривал го има Самвел Геворгијан од Ерменија.

Деа Крстевска во првата рунда ќе игра против Јамила Хусензаге од Азербејџан, додека Ведрана Танеска за противничка ја има Раниа Хаџиева од Азербејџан.

Со тенисерите и тенисерките се и јуниорскиот капитен Круно Деспотовски и Тања Стојановска, заменик јуниорски капитен. (МИА)

To top