Младата македонска скијачка, Јана Атанасовска, испиша историја за нашата земја и ќе биде прва учесничка во Светскиот Куп!
На само 18 години, Атанасовска ќе се натпреварува во Светскиот Куп во алпско скијање, а нејзин прв настап ќе биде во финскиот град, Леви. Младата Јана ќе ја претстави Македонија во дисциплината слалом, а трката ќе се одржи на 16 ноември во 11:00 часот.
Нејзиниот настап претставува огромен успех за македонскиот спорт, поставувајќи нови стандарди и спортска инспирација за идните генерации.
Досега Атанасовска настапуваше со голем успех на многу регионални и меѓународни натпревари, но сега за првпат ќе има можност да ги одмери своите сили со најдобрите светски скијачки, меѓу кои е и најславната во историјата, Михаела Шифрин.
Атанасовска е веќе во Финска, каде се подготвува заедно со нејзиниот тренер и татко, Александар Атанасовки, како и тренерот Игор Загерник.