Министерот за спорт, Борко Ристовски денес во неговиот кабинет имаше средба со каратистот Стефан Стојановиќ освојувач на бронзен медал на Светското каратепрвенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија.
На приемот, министерот Ристовски истакна дека успехот на Стојановиќ е промоција за македонското карате и доказ за квалитетот на македонските млади спортисти.
– Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од Светското првенство е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развојна спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целатамакедонска репрезентација која достојно не претставуваше на ова Светскопрвенство за млади категории, истакна Ристовски.
Стефан Стојановиќ е единствениот каратист од македонската репрезентација кој освои медал Мундијалот за кадети, јуниори и младинци во Италија.
На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските крате шампионати. Пред две години, на СП во Турција, тој освои сребро.