Микаела Шифрин, моментално прва во генералниот пласман на Светскиот куп, ги откри некои од навредите што ги добила онлајн за време на Олимписките игри во Италија.
Американката сподели дел од пораките во видео на Инстаграм пред трките во велеслалом и слалом на Светскиот куп овој викенд.
Некои од навредите што ги примила биле: „Срам да ти е, предавничка“, „Остани во Италија, кучко“ и „Лоша си“.
Шифрин верува дека нападите биле последица на нејзините критички забелешки за политичката ситуација во САД.
Таа нагласи дека различноста и инклузијата се важни вредности за неа, и дека другите американски спортисти исто така ја критикувале својата влада на Игрите, особено поради мерките против илегалните имигранти.
И покрај критиките за нејзиниот неуспех да освои медал на Игрите во Кортина, Шифрин на крајот ја победи конкуренцијата и освои злато во слалом „нејзината омилена дисциплина“ со неверојатна предност од 1,50 секунди пред второпласираната Камил Раст.
Ова е нејзин трет олимписки златен медал, по титулите во велеслалом на ЗОИ 2018 во Пјонгјанг и во слалом на ЗОИ 2014 во Сочи.