Руската битка меѓу Андреј Рубљов и Данил Медведев донесе вистински спектакл во Торино пред една година, но оваа вечер тоа не беше случај, а најзаслужен за тоа е помладиот од двајцата Руси.
Рубљов минатата сезона го доби трилерот со својот добар пријател на завршниот Мастерс, но денеска не беше ниту блиску до тоа ниво и играше нервозно уште од самиот старт.
Андреј се мачеше на своите сервиси и не можеше да се справи со емоциите кои ги носеше во себе, па на крајот многу полесно од очекувањата му овозможи лесна победа на Медведев.
Данил играше на карактеристично високо ниво за себе и не правеше многу грешки, а таквиот пристап и грешките на Рубљов го однесоа до победа од 6:4 и 6:2.
За Медведев ова беше седма победа во деветтата пресметка со својот добар познаник, што секако е голем исчекор кон пласман во полуфиналето на Мастерсот во Торино.
foto:twitter.com/atptour