Рускиот тенисер Данил Медведев и Шпанецот Карлос Алкараз ќе се борат за титулата на мастерсот Индијан Велс во Соединетите американски држави откако славеа во полуфиналните средби со Томи Пол, односно Јасник Синер.
Медведев забележа голем камбек откако првиот сет го загуби со 6-1. Американецот имаше шанса да стигне и до победа во вториот сет, но истиот заврши со тај-брејк од 7-6 (7-3) за Русинот кој немаше големи проблеми во одлучувачкиот трет сет славејќи со 6-2 за пласман во големото финале.
Алкараз пак му го нанесе првиот пораз на Јаник Синер во 2024 година славејќи со 2-1 на сличен начин како Медведев. Италијанецот го доби првиот сет со 6-1, но младиот Шпанец возврати со одлична игра добивајќи ги преостанатите сетови со 6-3 и 6-2.