Марк Одермат конечно има причина за славје откако швајцарскиот скијач за првпат во кариерата успеа да триумфира на трка во Светскит куп што се возеше во Вал Гардена.
Откако ја завршеи последната трка во супервелеслалом на третото место, Швајцарецот денеска беше најдобар во спустот, оставајќи ги зад себе ривалите.
Тој досега имаше четири подиуми во Вал Гардена, не криеше дека сонува за триумф на оваа легендарна патека, желба што конечно му се исполни со денешната победа, само трета за него во спуст во кариерата.
Второто место му припадна на Швајцаецот Фон Алмен со 45 стотинки послабо време од победникот, а третопласиран беше Рајан Кохран Зигле од САД.
Одермат со овој триумф се искачи на врвот во генералниот пласман со вкупно 440 бода, 50 повеќе во однос на второпласираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка.