Останати спортови

Марк Одермат победи во Аделбоден

Марк Одермат победи во Аделбоден

Швајцарскиот скијач Марко Одермат триумфираше на денешниот велеслалом во рамките на Светскиот куп во Аделбоден.

Интересно е што легендарниот Ингемар Стенмарк славеше на истото место во истата дисциплина четири пати по ред, од 1979 до 1982 година, но сега неговиот рекорд го надмина неверојатниот Швајцарец.

На второто место се пласираше Бразилецот Пињеро Братен Лукас со заостанување од 0,49 секунди, а на третото скалило на подиумот беше Французинот Лео Анџено (+0,68).

To top