Поранешната руска тенисерка, Марија Шарапова, официјално е примена во тениската „Куќа на славните“, станувајќи првата дама која влезе во одбраното друштво по Кончита Мартинез, која беше примена дури пред четири години.
Шарапова во својата кариера освои пет титули на Грен-Слем турнирите и вкупно 36 трофеи во сингл-конкуренција, а своевремено важеше и за најубава тенисерка во светот.
Заедно со неа, во „Куќата на славните“ беа примени и браќата Боб и Марк Брајан, кои се најуспешниот пар во историјата во натпреварувањата во двојки, а во кариерата освоија дури 16 Грен-Слем трофеи.