Останати спортови

Макс Верстапен најдобар во Канада

Макс Верстапен најдобар во Канада

ГН на Канада донесе многу возбуда и драма, дождот и влажниот асфалт дополнително ги заплеткаа случувањата на патеката, а имаше и две безбедносни возила.

Во овој хаос, најдобро се снајде Макс Верстапен, кој на најдобар начин се опорави по лошата трка во Монако.

Холанѓанецот влечеше прави потези, па мина прв низ целта и ја зголеми пердноста во генералниот пласман на 56 поени.

Зад него, Ландо Норис мораше да се задоволи со финиш на второто место и покрај тоа што два пати беше во водство.

Последното место му припадна на Џорџ Расел, кој во завршните кругови имаше интересна битка со тимскиот колега Луис Хамилтон.

Во бодови денеска уште завршија Пиастри, Алонсо, Строл, Рикардо, Гасли и Окон.

Ферари по големото славје во Монако, имаше викенд за заборав. По лошите квалификации, денеска трката не ја завршија и Шарл Леклар, и Карлос Сианц.

To top