Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен денеска ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Австрија во шампионатот во Формула 1.
Верстапен стигна до пол-позицијата со време од 1:04.314.
Второто место го освои британскиот возач на Мекларен Ландо Норис, кој беше за 0,404 секунди побавен од актуелниот светски шампион во Ф1. Третата позиција му припадна на Британецот Џорџ Расел од Мерцедес.
Трката за Големата награда на Австрија е на програмата утре од 15 часот.