Македонските спортисти пристигнаа и веќе се во Олимпиското село во Париз, каде утре и официјално стартуваат ОИ.
Македонија ќе има шест претставници кога станува збор за натпреварувачи и четворица судии.
Париз е сонот за сите спортисти, кои пред заминувањето најавија добри резултати, па дури и медал. Знаменосци ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.