Македонските одбојкари во недела на 25 август ќе ја пречекаат селекцијата на Грција во второто коло од квалификациите за следниот континентален собир.
Избраниците на селекторот Хари Наковски целосно ја потврдија фаворитската улога на гостувањето кај Грузија во првиот натпревар од европските квалификации и славеа со 3:0.
Македонија освои максимални три бода без да загуби сет, а оствари и одличен поен-количник којшто може да биде значаен во битката за пласман на четвртото европско првенство по ред за нас.
Со победа над Грција ќе биде јасно дека Македонија ќе игра и на следниот шампионат на најдобрите европски репрезентации.
Поддршка од навивачите побара и капитенот Никола Ѓорѓиев кој ги повика сите љубители на одбојката и спортот воопшто да дојдат во салата „Јане Сандански“.
Натпреварот е со почеток во 20:15 чассот.