Македонскиот бораз Владимир Егоров доби вајлд карта за да учествува на Олимписките игри ова лето, што значи дека добиваме уште еден македонски претставник на големото случување во Париз.
Егоров загуби во полуфиналето на тунирот во месец април и за жал остана на дофат на олимписка виза, но речиси три месеци подоцна добива најдобра вест, која денеска со големо задоволство ја пренесе Македонскиот Олимписки комитет.
– Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година. Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро, – гласи објавата на МОК.