Женската тениска репрезентација на Македонија доби тешки противници во Били Џин Кинг Купот или поточно Втората Евроафриканска зона што ќе се игра во Вилнус (Литванија).
Ние сме во групата А заедно со селекциите на Хрватска и Естонија.
Инаку фаворит број еден во Вилнус е селекцијата на Хрватска, која откако испадна лани од Првата зона „сака брзо“ враќање, па затоа во составот на нашиот следен противник се: Дона Векиќ (36.место), Петра Мартиќ (61), Антонија Ружиќ (207), Леа Бошковиќ (222) и Ива Приморац (490).
Македонија во мечот од 1.коло ќе игра против Естонија, која е предводена од ветеранката Каја Канепи (226.место на ВТА листа), но за репрезентацијата последен пат играла во 2015 година. Покрај неа во составот се Елена Малигина, Мален Нуди, Ингрид Нил и Лаура Рахнел.
Нашата репрезентација на овој настан е во состав Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова.