Останати спортови

Македонија го победи Косово во БЏК купот

Македонија го победи Косово во БЏК купот

Македонските тенисерки со максимални 3-0 го совладаа Косово во третото коло од групата Ц од Втората евро-африканска зона од Били Џин Кинг (БЏК) купот кој се игра во Ларнака, Кипар.

Во првиот меч, Магдалена Стоилковска ја победи Веса Ѓунај со 2-1 во сетови, беше 2-6, 6-4 и 6-2.

Лина Ѓорческа беше поубедлива против Форта Морина, најдобрата македонска тенисерка загуби само еден гејм, беше 6-1 и 6-0.

Третата победа за Македонија ја обезбедија Јана Божиновска и Ана Митевска во двојки откако ги совладаа Аја Броки и Адријана Лекај со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 7-5.

Македонија во групата Ц оствари две победи и го освои второто место, зад Норвешка, а пред Јужна Африка и Косово.

Нашите тенисерки ќе играат за пласман од 4 до 6 место. Утре ќе играме против Египет, а потоа против домаќинот Кипар.

To top