Според изјавата на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, Британецот, Луис Хамилтон ќе се бори за шампионската титула во 2025 година.
Британскиот возач изненади со одлуката да го напушти Мерцедес и кариерата да ја продолжи во Ферари, а според Хорнер оваа преселба ќе бие предизвик за седумкратниот светски шампион.
„Сигурно дека ова ќе биде голема промена, но Ферари е во добра форма и возач како Хамилтон во нивниот болид ќе биде кандидат за титулата“, изјави Хорнер.
Формула 1 караванот ќе продолжи со трката за Големата награда на Лас Вегас која на програмата е од 20 до 22 ноември.