Останати спортови Водени спортови

Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП

Почетокот на натпреварите во маратонско пливање на Светското првенство во водени спортови во Сингапур е одложен поради лошиот „квалитет на водата“, објави денеска Светската федерација во водени спортови.

Женската трка на 10 километри, која требаше да ја отвори денешната програма, е поместена за в среда, кога ќе се одржи заедно со машката трка на 10 километри.

Другите маратонски пливачки трки се закажани за петок, сабота и недела.

Квалитетот на водата за дисциплините на отворено беше спорно прашање и на претходните Олимписки игри во Париз 2024 година поради квалитетот на водата во реката Сена, како и во Игрите Токио 2021 и во Рио де Жанеиро 2016.

To top