Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, кој во четвртфиналето го победи бранителот на златен медал од Германија, Александар Зверев со резултат 7:5, 7:5.
Натпреварот траеше два часа и пет минути. Музети е 16. тенисер во светот, додека Зверев е четврти на АТП листата.