Останати спортови

Лина Ѓорческа загуби од првата носителка во Трнава

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да направи изненадување и бепе елиминирана од првата носителка на ИТФ фјучерсот во Трнава (Словачка) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа за ривал на другата страна на мрежата ја имаше некогашната 46-та тенисерка на светот Осеан Додин, меч во кој се бореше два часа, ама на крајот мораше да и честита победа на Французинката.

Лина одигра натпревар со доста осцилации во играта и тоа дефинитивно беше пресудно во конечниот резултат.

Првиот и припадна на Додин со 7-5, во вториот тетовката ескплодира и ја растури противничката со 6-0, меѓутоа кога се очекуваше таа енергија да ја задржи и во решавачката рунда потфрли, дозволи уште на стартот Додин да направи двоен брејк, да поведе со 4-0 и потоа мирно да го приведе натпреварот кон самиот крај со 6-2.

To top