Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари победа во првото коло на ИТФ турнирот во Загреб откако ја совлада Ралука Георгина Шербан од Кипар со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-4) за 212 минути. Ова за нашата тенисерка е трета победа во низа откако претходно успешно со две победи ги мина и квалификациите.
Во првиот сет се водеше изедначена борба, а притоа Лина постојано беше во предност по 2-2 во сетови, Ѓорческа поведе со 4-2, а ривалката изедначи и сетот македонската тенисерка го заврши со 6-4. Во вториот сет на стартот противничката направи брејк за 1-0 и со вториот брејк сетот го заврши со 6-3 во гемови.
Во решавачкиот сет Ѓорческа водеше со 2-0 во гемови, а потоа и со 5-2, па така првите две меч топки ги пропушти во осмиот гем од сетот. И во деветиот гем не искористи меч топка, но затоа во десеттиот гем на свој сервис одигра одлично и на противничката не и дозволи ниту еден поен.
Во следното второ коло Ѓорческа ќе игра против осмата носителка Селена Јаничијевиќ од Фрнација, која денес ја победи Габриела Ли од Романија со 2-0 во сетови.