Maкедонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа со 2:0 во сетови ја совлада Грузијката Мариам Болквадѕе и така обезбеди место помеѓу најдобрите четири на турнирот во од В75 серијата во Марибор.
Првиот сет Ѓорческа го доби со 7:5, додека во вториот заигра уште подобро и го освои со 6:3 за конечни 2:0.
За место во финалето Ѓорческа ќе се бори против победничката од средбата помеѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска.