Останати спортови

Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Марибор!

Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Марибор!

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Марибор откако денеска славеше победа од 2-1 во сетови над Французинката Џесика Покет (6-4, 2-6 и 7-6).

Ѓорческа беше подобра во првиот сет и успеа да го освои со 6-4, но потоа Покет заигра подобро во вториот и нашата тенисерка освои само два гема.

Голема борба видовме во третиот последен сет кој се решаваше во тај-брејк.

За место во полуфиналето Ѓорческа утре ќе игра Мариам Болквадѕе од Грузија која во Словенија е нејзина партнерка во двојки.

To top