Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа на турнирот во тениски двојки на Челинџер во Љубљана каде настапува заедно со Џил Тајхман од Швајцарија, со пресврт славеше победа над Каралина Кубанова и Анета Лабоуткова.
Парот од Чешка беше убедлив во првиот сет и истиот го реализираше со 6-2. Ова дефинитивно ги разбуди Лина и Џил кои постојано беа чекор понапред во однос на противникот во втората рунда, ама на крајот се решаваше во тај-брејк кој заврши со 7-5.