Останати спортови

Крихмаер победи на спустот во Куршевел, Големиот и Малиот глобус во рацете на Одермат

Крихмаер победи на спустот во Куршевел, Големиот и Малиот глобус во рацете на Одермат

Австриецот Винсент Крихмаер победи на спуст трката од Светскиот куп во Куршевел, додека Швајцарецот Марко Одермат го освои Големиот кристален глобус петта година по ред, како и титулата во спуст, трета едноподруго.

Крихмаер беше најбрз со време од 1:47,26 во претпоследната спуст трка во сезоната, прославувајќи ја својата 20 победа во Светскиот куп, а вкупно 10 во спуст.

Второто место го освои Италијанецот Џовани Францони, со заостанување од девет стотинки (1:47,35), додека трет беше Одермат, со заостанување од 31 стотинка (1:47,57).

По третото место, Одермат е прв во пласманот во спуст со недостижни 670 бодови додека олимпискиот победник во оваа дисциплина, Фон Алмен, е втор (435), пред. Францони на третото место (354).

Марко Одермат е водечки и во супервелеслалом и во велеслалом, а во генералниот пласман сега има предност од 632 бодови пред Лукас Пињеиро Братен, кој, на шест трки до крајот на сезоната, повеќе не може да го престигне.

To top