Ирскиот борец Конор Мекрегор ја објави својата кандидатура за претседател на Ирска со цел, како што вели, да го спречи законот на ЕУ за миграција.
Поранешниот УФЦ-шампион е осуден за силување, а сега ветува дека ќе ја спроведува демократијата.
Конор МекГрегор (36) објави кандидатура за претседател на Ирска на неговиот Инстаграм. Поранешниот УФЦ-шампион е познат како екстремен десничар, а кандидатурата ја најави за да спречи Ирска да го прифати законот на Европската унија за миграција.
“Кој друг би се спротивставил на Владата за да го спроведат тој закон? Сите други кандидати нема да им се спротистават. Јас ќе го сторам тоа”, напиша поранешниот борец на Инстаграм, и додаде Да бидеме јасни, иако јас сум строго против тој закон, како претседател ќе го пуштам законот на референдум. Тоа е демократија и секогаш народот на Ирска ќе може да избира”. – изјави Мекрегор.